ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Посета на мелничко - пекарскиот комплекс „Фурна Диме“

Во рамките на Проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ на ден 03.12.2019год. по покана на родителите Јулијана и Љупчо Крстевски, учениците од второ а и б одделение го посетија мелничко - пекарскиот комплекс „Фурна Диме“. Целата на посетата беше запознавање со начинот на преработка на жито и производството на леб, бели печива и слаткарски производи, како и продлабочување на знаењата за начинот на промена на формата на материјалите со тегнење, вртење и гмечење согласно со темата „Промена на материјалите“ што се изучува овој период по предметот Природни науки. Учениците имаа можност практично да се запознаат со целокупниот процес на производство на пекарските прозиводи, сами да месат тесто, а следниот ден и да ги вкусат испечени своите производи.
Мултимедија: