ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Ученик на генерација 2019/2020 година

Почитувани полуматуранти !!

Пред се Ви посакуваме да останете во добро здравје Вие и Вашите семејства.

Ова е за сите нас за жал неочекуван завршеток на Вашето деветгодишно образование. Се надеваме дека многу скоро ќе се надмине целата ситуација и Вашето живеење ќе продолжи по нормален тек. Да ги заборавиме лошите мигови и да чекориме гордо кон иднината.
Ни беше посебно задоволство што бевте дел од нашето училиште.. Израснавте во прекрасни млади луѓе на кои сите сме горди.

Ви посакуваме да Ви се остварат сите соништа, а желбите да Ви станат реалност. Бидете секогаш среќни и насмеани!
Искрени честитки од директорот Драган Печевски и вработените од ООУ „Григор Прличев“.

Нашето училиште како и секоја година така и оваа во согласост со „Правилникот за пофалување, наградување и изрекување на педагошки мерки на учениците“ избираше ученик на генерација.

Од вкупно 5 кандидати кои конкурираа за ученик на генерација според бодовната листа од страна на Комисијата за избор на ученик на генерација на наставничкиот совет беше предложена ученичката Христина Петрова од 9а одделение.

Ранг листата на кандидатите за ученик на генерација беше следнава:

1. Христина Петрова 9а

2. Јана Ушлиновска 9а

3. Ана Алексовска 9а

4. Мирон Илиески 9а

5. Антонија Марковска 9а

Наставничкиот совет едногласно ја изгласа ученичката ХРИСТИНА ПЕТРОВА од 9а одделение за ученик на генерација 2019/2020 година.

Пофалени ученици за оваа учебна година кои добија пофалници и симболични подароци се следниве :

Ана Алексовска за континуиран одличен успех

Максим Ангеловски – за континуиран одличен успех

Дора Дулиќ- за континуиран одличен успех

Изабела Неделковска- за континуиран одличен успех

Мила Неданоска- за континуиран одличен успех

Андреј Петроски- за континуиран одличен успех

Јана Ушлиновска- за континуиран успех

Илина Петреска - - за континуиран одличен успех и учество во воннаставни активности

Филип Велковски – за учество во воннаставни активности

Пофалниците можете да ги погледнете на следните линкови:

    

     

На сите наши ученици им посакувам убав и пријатен летен одмор!

Активности: