Изградба на новото училиште

Работна обиколка на  новиот објект на  ОУ„Григор Прличев“ од страна на градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски

 На ден  11.02.2014г. Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски беше во работна обиколка на новиот објект на основното училиште Григор Прличев во населбата Железара, каде се одвиваат градежните активностите околу објектот.

Вкупната инвестиција на овој проект е 72.000.000,00 денари кои се обезбедени во соработка со Владата на Р.М од Светска банка. Капацитетот на ова училиште е за околу 400 деца а населбата Железара ќе добие едно училиште со современи светски стандарди задоволувајќи ги сите потребни услови за функционирање.

Динамиката на градежните работи се одвива според планот и се очекува веќе од второто полугодие на следната учебна година наставата да се одвива во новите простории на ОУ „Григор Прличев“.

Активности: