Одбележување на Европска недела на мобилност 2022

Учениците од петто а одделение со одделенската наставничка Благица Секуловска се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност 2022 (16-22.09.2022г.) која оваа година беше под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност!“. Преку низа активности учениците дискутираа за значењето на климатските промени, заштитата на животната средина и одржливиот начин на транспорт и се мотивираа заедно со своите родители да користат велосипед во секојдневниот живот. На 21.09.2022г. преку работилницата „Ајде да возиме велосипед“ учениците имаа можност да ја изразат својата креативност и имагинација преку креирање на свој дизајн за маичка која ќе ја носат додека возат велосипед, како и да ја дизајнираат својата кацига која Вело Училишта препорачува да ја носат при секое возење на велосипед.

Активности: