Посета на Собранието на Република Македонија

На 29.09.2022 година учениците од V-те одделенија на нашето училиште заедно со одделенските раководители Светлана Николовска и Благица Секуловска го посетија Собранието на Република Македонија и се запознаа со основната законодавна функција на Собранието, основите на демократското уредување и историјата на парламентаризмот во државата.

Учениците беа пречекани од страна на Томе Гушев од Паралментарниот институт кој што беше нивен водич низ просториите на Собранието. Учениците ги посетија најрепрезентативните простории од собраниската палата и низа забава и едукација се запознаа со вредноста и значењето на собраниските уметнички артефакти од непроценливо значење за македонската култура. На учениците им беа презентирани сите простории во истото, беше презентирано и значењето на Методија Андонов Ченто – првиот претседател, беа разгледани подароците што различните дипломати ги донеле како подароци во Собранието. Беше презентирана Салата за конференции, Кристалната сала за доделување на свечени награди и признанија, Пленарната сала, како и Струшката и Охридската соба. Потоа учениците на вториот кат имаа можност да ги видат насликаните портрети на сите претседатели на Собранието како и местото каде што се одржува прес или обраќање, а наголем впечаток кај учениците предизвика посетата на Големата сала со купола. Исто така учениците беа вклучени во директна расправа и имаа можност да учествуваат во вежба за донесување на Закон – преку организирана и забавна симулација да дебатираат и гласаат дали да се даваат домашни задачи преку викенд или не.

Благодарност до Парламентарниот институт и на Собранието на Република Македонија за прекрасната организација и одличниот пречек.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

Активности: