Настава во природа

Во периодот од 8-11.04.2024 година, петтите одделенија од нашето училиште заедно со наставничките Ива Количев и Љубица Коцеска реализираа четиридневна настава во природа со престој во Охрид. Првиот ден попатно панорамско набљудување на Полошката Котлина, разглед на Мавровското Езеро, посета на Манастирот Св. Јован Бигорски и Манастирот Рајчица. Панорамско разгледување на хидроцентралите Шпиље и Глобочица и посета на Вевчани и Вевчанските извори. Посета на Струга, разглед на реката Црн Дрим и паркот на поезијата. Вториот ден од престојот беа посетени сите позначајни знаменитости во Охрид: стариот дел од градот, охридското крајбрежје, Плаошник, Самоиловата тврдина, црквата Св. Софија, Античкиот театар, Куќата на Робевци и куќата на Григор Прличев додека третиот ден се реализра посета на Заливот на коските и манастрирот Св. Наум. За сите посети и истражувања од оваа настава во природа учениците твореа, ликовно се изразуваа и изработија хамери. Непосредното учење претставуваше големо задоволство за учениците и беше испирација за усвојување на знаења, истражување и заедничко дружење.

 
Активности: