ЗАЕДНО НА ПАТОТ ДО УСПЕХОТ

Првенци на генерација во учебната 2020/2021 година

Почитувани полуматуранти !!
Пред се Ви посакуваме да останете во добро здравје Вие и Вашите семејства.
Ни беше посебно задоволство што бевте дел од нашето училиште. Израснавте во прекрасни млади луѓе на кои сите сме горди.
Ви посакуваме да Ви се остварат сите соништа, а  желби да Ви станат реалност. Бидете секогаш среќни и насмеани!
Искрени честитки од директорот Драган Печевски и вработените од ООУ „Григор Прличев“
 
Нашето училиште како и секоја година така и оваа во согласност со „Правилникот за пофалување, наградување и изрекување на педагошки мерки на учениците“ избираше ученик/ци на генерација.
Од вкупно 2 кандидати кои конкурираа за ученик на генерација според бодовната листа од страна на Комисијата за избор на ученик на генерација на Наставничкиот совет беа предложени двајцата ученици да бидат Првенци на генерација.
Наставничкиот совет едногласно ги  изгласа учениците АНДРЕЈ ТОМАШЕВСКИ од 9а одделение и БОГДАН БАЏУКОВ од 9б за ученици на генерација 2020/2021 година.
Пофалени ученици за оваа учебна година кои добија пофалници и симболични подароци се следниве:
  1. Тереза Кимова - за континуиран одличен успех
  2. Борис Дамјановски - за континуиран одличен успех
  3. Коста Богучевски - за континуиран одличен успех
  4. Марко Јовановски - за континуиран одличен успех
  5.  Христина Ангеловска - за континуиран одличен успех
  6.  Кристина Арсовска - за континуиран одличен успех
  7. Теона Здравковска - за континуиран одличен успех
  8. Илија Ѓурановиќ - за континуиран одличен успех
  9. Петар Николовски - за континуиран одличен успех
На сите наши ученици им посакувам убав и пријатен летен одмор !
Мултимедија: 
Активности: